ЗНАЧИТЕЛНО ЗАЛАДИ ВРЕМЕТО: Измерена е најниска минимална температура во Македонија од -8 степени
Денешното утро во Македонија донесе значително поладно време, и тоа поради спуштањето на веќе споменатата значително поладна воздушна маса од истокот и од североистокот на Европа. Исто така, на повеќе места низ Македонија имаме променлива, или зголемена облачност, а засилува и ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието.

На табелата можете да ги погледнете температурите по градови и места низ Македонија до 7 часот утринава,и тоа на мерните станици на УХМР. Може да се види дека на многу места имаме негативни температури на воздухот, односно температури под нулата. Најладно со -8 степени беше на Попова Шапка, а највисока минимална температура од 5 степени е измерена во Гевгелија.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Според она што можам да го кажам со најновото ажурирање на прогностичките материјали е тоа дека околу и по Водици Македонија ќе влезе во нов влажен и ладен период. Во ваква ситуација повторно очекувам појава на врнежи, повремено пообилни и тие ќе бидат од дожд и од снег а повремено ќе врне и само снег и очекувам ново формирање [...]


by