ЗНАЧИТЕЛНО ТОПЛО ВРЕМЕ – ВО ВТОРНИК ПОПЛАДНЕ И НАВЕЧЕР ПРОДОР НА ВЛАЖЕН ВОЗДУШЕН БРАН КОЈ ЌЕ ДОНЕСЕ ДОЖД!
Во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време. Ќе биде и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден и тоа поради продорот на ТОПЛА воздушна маса од југ.
Преку ден максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи до околу 22 степени.
Преодно зголемување на облачноста ќе има во вторник попладне и во текот на ноќта кон среда и на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа повторно следува претежно стабилно и суво време.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во нашата Република Македонија имаме многу ладно и променливо облачно време, а полека започнува да дува и засилен ветер од северен правец. Поради понатамошно спуштање на многу ладен воздух од североисток, поточно од Русија, температурите понатаму ќе продолжат дополнително да опаѓаат. На табелата можете да ги погледнете температурите низ Македонија измерени вечерва до 19 часот по градови и [...]