Значително посвежо и нестабилно време, локално со пороен дожд, грмежи и ветер!
Под влијание на значително посвежа воздушна маса од север, во текот на оваа недела во нашата Република Македонија ќе имаме значително попријатно и посвежо време, а особено посвежо ќе биде во ноќните и во утринските часови кога температурите на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, а на повисоките и на планинските места температурата има услови да се спушти и под 10 степени.
Преку ден пак температурите исто така ќе бидат многу пониски, и тоа за околу, па и за повеќе од 10 степени ќе бидат пониски температурите во споредба од оние кои ги имавме до саботата (26 јули). Максималните дневни температури во текот на оваа недела на повеќе места нема да надминуваат 30 степени, односно, на повеќе места тие ќе бидат под 30 степени, а температури до околу 33/34 степени ќе имаме во Повардарието како и во југоисточните предели од нашата Македонија, секако овде го вклучуваме и Скопскиот регион.
Времето во текот на оваа недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а утре (вторник 29 јули) и тоа особено долж Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Локално пак, ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за појава на краткотрајно невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.
Во четврток (31 јули) барем одсега гледано ќе имаме пообилни врнежи од дожд во поголем дел од нашата Македонија, проследени со грмежи и со засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by