ЗИМСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО МАКЕДОНИЈА И ДЕНЕС: Имаше нови врнежи од снег, и истите создаваа проблеми во сообраќајот!
Денешното утро во Македонија повторно донесе зимски температури на воздухот, но сепак, поради облачноста денес наутро тие беа повисоки за разлика од изминатите утрини.
На картата можете да ги погледнете денешните утрински минимални температури измерени во Македонија.
Инаку како што и најавив, изминатата ноќ во источните, а посебно во североисточните предели имаше нови врнежи од снег, со што дојде до формирање на нова снежна покривка. Врнежите од снег во Криво Паланечкиот крај создаваа и проблеми на патиштата.
Во следните денови повторно ќе имаме нови врнежи кои ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Особено во четврток и петок, поради дополнителното заладување на времето, врнежи од снег повторно ќе има и на некои места со помала надморска височина (населени места).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Метеоролошкиот феномен Ла Ниња кој носи поладно и поврнежливо време во нашиот дел од Европскиот Континент ќе продолжи и ќе го имаме во текот на целата оваа 2025 година, што значи оваа 2025 година кај нас ќе биде поладна, поврнежлива и со чести временски непогоди, а можни се и екстремни количества на врнежи кои би можеле да условат и [...]
Балкан / Европа / Занимливости / Македонија / Прогноза