ЗИМАТА СЕ УШТЕ НЕ ЗАПОЧНАЛА, А ВТОР СНЕЖЕН БРАН ВО ПЕТОК И ВО САБОТА ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Снег и до половина метар!

Иако зимата сеуште календарски не започнала, сепак веќе ни пристигнува и вториот уште поголем и подолготраен снежен бран за оваа сезона. Овој снежен бран ќе трае два дена (петок и сабота). Во поголемиот дел од Македонија врнежите ќе бидат од снег и тие ќе бидат обилни (освен на некои пониски места каде ќе врне дожд, особено во централните  и во југоисточните предели.

На планините и на Скијачките центри до сабота навечер ќе се формира снежна поркивка од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до околу половина метар. На пониските места со надморска височина од 500 метри па нагоре таа ќе изнесува од 5 до 10 сантиметри, понекаде и над 20 сантиметри. Снег ќе провејува и под 500 метри, особено во сабота.

Со овој снежен бран, првите врнежи од снег за оваа сезона ќе ги има и во делови од Скопската котлина.

  • На возачите  и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег, ги советуваме крајно внимателно да управуваат со своите возила, особено ако се движат кон планинските превои и Скијачките центри, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Температурите за време на викендот и тоа наутро понекаде ќе се спуштат дури до околу -10 степени, на високите планини и под -10 степени. Многу студено ќе биде и преку ден со максимални дневни температури кој на повеќе места ќе останат околу нулата, понекаде тие ќе останат и негативни. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец (повремено и локално собрзина од над 60 км/час).

Мора да напоменеме дека најпрвин врнежите ќе бидат насекаде од дожд, и тое ќе започнат наскоро, односно во следните часови.

 

Со овој нов силен продор на поларниот вртлог од север, добро би било да го заследете и мојот одличен пријател и колега од Хрватска, Дино Дундиќ, човекот навистина си ја знае работата кога станува збор за Метеорологијата – Заследете ја неговата официјална фејсбук страница тука Pogled na klimu i njene promjene by Dino Dundic

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]