ЗИМАТА НИ СЕ ВРАЌА – ОД ПОНЕДЕЛНИК МНОГУ ДОЖД, СНЕГ, СТУД И СНЕЖНА ПОКРИВКА!

За време на овој викенд во Македонија ќе се задржат пролетните температури и истите речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи и над 20 степени. Сепак ќе има повеќе облачност и ќе има појава на повремен локален дожд, а утре локално ќе биде и естабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.

Исто така утре на повеќе места ќе дува ЗАСИЛЕН, до СИЛЕН ветер од југозападен правец (локално со брзина до околу 80 км/час).

Од понеделник под влијание на влажен и студен воздушен бран ќе има врнежи од дожд насекаде низ Македонија, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег и ќе дојде до формирање на снежна покривка. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен и од североисточен правец. Снежната граница има услови да се спушти и до околу, па дури и под 1000 м.н.в, особено во западните и во северните предели.

Врнежите особено во понеделник попладне и навечер на МНОГУ МЕСТА ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2 воден талог).

Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат (дури за десет, а понекаде и за повеќе од десет степени) и максималните температури од понеделник па натаму ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени. Температурите кој се очекуваат од понеделник ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за почетокот на април месец.

По се изгледа дека во првата половина од месец април ќе имаме постудено време од вообичаеното и со почести врнежи од дожд и снег, што значи дека со зимата не е завршено.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости