Западните и југозападните предели од Македонија зафатени од силно невреме и громови!
Како што и најавивме, западната половина од државава е под влијание на циклонска активност и на изразена влажна и нестабилна воздушна маса од запад. Токму во овие предели има врнежи од дожд и појава на грмежи.
Локално процесите се интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.
Невремето ќе продолжи и во следните часови, со што препорачуваме крајна внимателност, односно во случај на појава на силно невреме и на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор, како и под осамени дрвја.
Во следните денови пак се очекува стабилизација на времето, а ќе има и сончеви периоди.
Наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, а преку ден ќе биде пријатно топло со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
Значи и покрај ова невреме, мини лето ќе имаме во следниот период.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза

by