За новогодишната ноќ не многу студено и без врнежи – По котлините магливо и загадено!

објавено на:

26 Дек 2023

од:

сподели:

До самиот крај на оваа 2023 година во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и на претежно сончево време со сосема слаб ветер. По одделни котлини и речни долини, особено Долж Повардарието и понатаму ќе биде магливо, повремено маглата ќе биде  и густа и таму ќе биде постудено. И Скопската котлина ќе биде под магла  и под ниска облачност.

По котлините, особено оние Долж Повардарието воздухот ќе биде многу загаден, вклучувајќи ја и Скопската котлина.

Слично време ќе имаме и за време на новогодишната ноќ, но и на првиот ден од новата 2024 година, односта стабилно, суво и сончево, но магливо по котлините и со ниска облачност.

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а само понекаде за неколку степени под нулата, што значи нема да биде многу студено. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, што значи ќе бидат натпросечно високи. Понекаде во најтоплите предели од државава тие можно е да се искачат дури и над 15 степени, што беше случај и изминатите денови.

Снегот ќе го чекаме во новата 2024 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

 







Занимливости

  • 19 Јул 2024

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: - Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) - Општина Студеничани место викано [...]