Врнежливо време во Македонија, досега наврнаа максимални 23 литри дожд
Вечерва во Македонија имаме врнежливо време на повеќе места а пообилни врнежи локално има во западните и во јужните предели од Македонија. На високите планини над 1700/1800 метри надморска височина повремено врне снег.

До 19 часот вечерва најмногу дожд наврна во Маврово и во Демир Капија, во Маврово 23 литри дожд а во Демир Капија наврнаа 19 литри дожд. На табелата можете да ги видите температурите измерени вечерва до 19 часот по градови и места во Македонија како и наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во изминатите 12 часа исто така до 19 часот вечерва, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by