ВРЕМЕТО ТОПЛО – ЛАДНО И ОБРАТНО: Следува многу променливо време, а ќе има и почести врнежи од дожд, а на кратко и снег на планините
Најпрвин стабилен викенд, се до крајот на денот недела, кога очекуваме промена на временската состојба кај нас и врнежи од дожд, како и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Во текот на ноќта недела кон понеделник, како и во понеделник, во Македонија и тоа поради спуштање на студен и влажен воздушен бран од север, очекуваме врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, особено во западните и во северните предели од државава.
Напоменуваме дека снежната граница накратко би можела да се спушти и на повисоките населени места (под 1000 метри надморска височина)
Сето ова ќе биде проследено и со засилен, до повремено силен ветер од северен правец, и тоа во понеделник (повремено со брзина од над 60 км/час)
Сепак, после оваа промена, од вторник ни се враќаат пролетните температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, но променливото време продолжува, со почести врнежи од дожд, но и со повремено засилен јужен ветер.
Барем одсега гледано, појава на утрински мразеви викендов, како и во текот на следната седмица не се очекуваат.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]