ВРЕМЕТО ПОЛЕКА ЗАТОПЛУВА: Денес во Македонија е измерена максимална температура од 27 степени, наврнаа нови 13 литри дожд на м/2!
За разлика од изминатите денови, кога имавме навистина свежо време преку ден, денес беше потопло, па така максималната температура денес до 17 часот во Гевгелија се искачи до 27 степени. Во изминатите 9 часа пак најмногу дожд наврна на Попова Шапка, и тоа 13 литри на м/2.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени до 17 часот попладнево во Македонија, како и наврнатиот воден талог (во литри на м/2) за изминатите 9 часа, исто така до 17 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by