ВРЕМЕТО Е БОЛЕСТ – ПО НАГЛОТО ЗАЛАДУВАЊЕ, СЛЕДУВА НАГЛО И ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО! МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ПОВЕЌЕ ДЕНОВИ…

По најавеното НАГЛО и ГОЛЕМО заладување на времето кое ќе услови локално провејување на снег и во некои пониски места на север и запад од Македонија, но и СИЛЕН северен ветер со брзина од над 70 км/час, за време на викендот кој ни доаѓа, но и во првите денови од следната седмица ќе имаме НАГЛО и ГОЛЕМО покачување на максималните дневни температури на воздухот.

Веќе од викендот максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека во текот на следната седмица во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 22 степени.

Овие НАГЛИ и ГОЛЕМИ промени во температурите МНОГУ ЛОШО ќе влијаат особено врз метеопатите, па така во следниот период тие ќе чувствуваат ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми (проблеми со притисокот, повремена главоболка, нервоза но и поспаност, а кај некои и несоница). Токму поради ова на граѓаните ги советуваме да се обратат кај својот матичен лекар за совет, но и редовно да ја пијат препишаната терапија од истиот.

Инаку со овој бран на студ и влажен бран на повисоките места и на планините ќе се формира нова снежна покривка (на повисоките планини и до околу 20 цм нов снег, додека на местата со надморска височина до околу 1000 метри до околу 10 цм снег, ова особено важи за западните предели од Македонија каде врнежите се најинтензивни).

Од петок во Македонија следува период на стабилно, суво и претежно сончево време. Ветерот од северен правец кој ќе го имаме во Македонија, од петок ЗНАЧИТЕЛНО ќе ја намали својата брзина.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости

  • 17 Апр 2025

    Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина  и песок во воздухот. Сепак, денес беше  и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете  [...]