Временски непогоди во регионот, екстремно топло кај нас – Големиот Африкански бран долго ќе ни се задржи!

објавено на:

13 Јул 2023

од:

сподели:

Според нашата алатка за рана најава на временски непогоди “NOTHAS”, временските непогоди кои вчера и денес го погодија регионот и не се неочекувани, иако ги изненади тамошните метеоролози. Оваа наша алатка  уште пред неколку денови ги предвиде овие временски непогоди со екстремно ниво 4, локално и максимално ниво 5. “NOTHAS” беше сосема и до час прецизен за временската непогода која вчера рано наутро го зафати Загреб, во Хрватска.

Во Унгарија пак фронталниот систем услови и Суперќелијски облаци, а постои опасност и од појава на Торнада.

Кај нас во Македонија и понатаму продолжува екстремно топлиот Африкански бран. Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со екстремно висок Ув индекс (коефициент 10). Токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот).

Максималните температури во следните најмалку шест до седум денови во поголемиот дел од државава ќе надминуваат 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминуваат и 40 степени, односно максимумот на температурата таму локално ќе се искачи дури до 43 степени. Преку ноќите и во раните утрински часови температурата особено во централните, југоисточните предели, како и во Скопската котлина нема да се спуштат под 20 степени, што значи очекуваме “Тропски ноќи”.

НАПОМЕНА: Горе наведените очекувани максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки и локално ќе се искачуваат дури над 50 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости