Враќање на зимата, заладување, силен ветер и снег во вторник 17 февруари
Под влијание на нов длабок циклонски систем кој од Џенова ќе се преместува над Јонско море и ќе влијае на времето во Македонија ќе услови во вторник 17 февруари уште од раните утрински часови да имаме нови обилни врнежи кои полека поради продорот на многу поладен воздух од север и на повисоките населени места ќе преминуваат во врнежи од снег а во текот на денот вторник особено попладнето и вечерта врнежи од снег ќе има и во повеќето пониски места (градовите). Снежната покривка на планините и на Скијачките центри значително ќе се зголеми и прошири а помала снежна покривка може да се формира и во дел од пониските места (градовите) особено во западните и во северните предели од Македонија.
Сето ова ќе биде проследено со силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 70 км/час.
И во Скопје и околината во вторник 17 февруари ќе има пообилни врнежи кои на околните планини и повисоки места ќе преминуваат во снег а можно провејување на снег е можно и во делови од Скопската котлина особено во вторник попладнето и вечерта. И во Скопје ќе дува повремено силен ветер од северен правец.
Температурите нагло и значително ќе опаднат во вторник 17 февруари и тие ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени меѓутоа доцна попладнето и вечерта дополнително тие ќе опаѓаат.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by