ВОНРЕДНО МЕТЕО: ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ И ПОПЛАВИ ОД ОНИЕ КОИ СЕ СЛУЧИЈА ВО ДЕЛЧЕВО!
Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса, за време на викендот, како и во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНО, на многу места со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Локално во следните дестина денови ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 60/70 л/м2 воден талог). Постои нова опасност од нови ГОЛЕМИ ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ. АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Во Скопје и околината исто така во следниот период ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината постои опасност од појава на НЕВРЕМЕ.
Температурите во почетокот на следната седмица ќе бидат во пад, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25, 26 степени во најтоплите централни и југоисточни предели.
За првиот изразен Африкански топлотен бран и понатаму ќе се изначекаме, и треба да се навикнеме на честите големи временски непогоди, како што беше случајот во Делчево, дури временските непогоди ќе бидат уште поголеми од оние кои се случија во Делчево, каде штетите од невремето се огромни.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]

by