ВОНРЕДНИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА – ОЧЕКУВАЈТЕ МНОГУ ДОЖД А МОЖНИ СЕ И ПОПЛАВУВАЊА!

објавено на:

18 Ное 2022

од:

сподели:

Територијата на Македонија се наоѓа во поле на низок воздушен притисок и на серија на влажни воздушни бранови од запад. До крајот на денов и вечерва особено во западните предели, а во следните денови и на повеќе места ќе има врнежи од дожд а ќе дува и умерен до засилен, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено со брзина од над 65 км/час).

Локално ќе биде и нестабилно со ИНТЕНЗИВЕН пороен дожд (над 50 л/м2 воден талог кој може да услови локални ПОПЛАВУВАЊА), СИЛЕН ВЕТЕР и со појава на грмежи.  Од понеделник ќе биде постудено па така на планините над 1500 м.н.в врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од СНЕГ.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 22 степени и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и тоа поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење. Пониски температури како што веќе кажавме ќе има од почетокот на следната недела и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

Во Скопскиот регион исто така ќе дува засилен ветер од југоисточен правец и ќе има повремени врнежи од дожд и истите во следните денови повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 18 степени.

НАПОМЕНА: Поради ИНТЕНЗИВНИТЕ врнежи кој се очекуваат во следниот период можно е зголемување на нивоата на реките и езерата низ Македонија, исто така како што и претходно кажавме можни се и локални ПОПЛАВУВАЊА, па затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости

  • 19 Јул 2024

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: - Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) - Општина Студеничани место викано [...]