ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА САМО ЗА МАКЕДОНИЈА: Доаѓа силно невреме!
Невремето во регионот веќе прави проблеми и предизвикува штети, а постои опасност и од локални поројни поплави.
Под влијание на силен Џеновски циклон, утре особено од попладневните часови, па во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија и тоа поради многу високите температури овие неколку денови, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен јужен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.
И во Скопскиот регион очекуваме нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.
Најмногу врнежи за време на овој циклон ќе има во западната половина од државава, и локално таму ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог.
Апелираме во случај на појава на силно невреме и на силни и чести електрични празнења, граѓаните да бидат крајно внимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Температурите од понеделник ќе опаднат за 6 до 8 степени во споредба со сегашните, и тогаш максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително посуво.
Инаку овие денови над Македонското небо и тоа поради изразеното јужно воздушно струење е присутна Сахарска прашина и песок, со што и атмосферата е значително заматена.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник). Но, до 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка. Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните [...]