ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА СРЕДОЗЕМЕН ЦИКЛОН НИ НОСИ ОПАСНОСТ ОД НОВИ ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ВО МАКЕДОНИЈА И НИЗ ЦЕЛИОТ РЕГИОН!

објавено на:

10 Јун 2023

од:

сподели:

Во текот на целата наредна седмица и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, и на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса, времето во Македонија ќе биде ОСОБЕНО нестабилно, со честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на ИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (дури над 20 л/м2 за многу кратко време), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.  Постои опасност од нови ГОЛЕМИ ПОРОЈНИ поплави, па затоа АПЕЛИРАМЕ во случај на појава на НЕВРЕМЕ, граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Во Скопје и околината исто така под влијание на циклонот од Средоземјето, ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината постои опасност од појава на НЕВРЕМЕ (интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град). И во делови од Скопската котлина исто така постои опасност од локални поројни поплави (значително количество на воден талог за кратко време).

Температурите на воздухот во првите денови од следната седмица ќе бележат тенденција на пад, и тоа поради влијанието на посвежа воздушна маса од север, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25, 26 степени, а потоа истите ќе бидат малку повисоки.

НАПОМЕНА: Поради очекуваните интензивн и врнежи, во следниот период се очекува ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, дури е можно и излевање на некои од помалите реки низ државава. Инаку во текот на следната седмица, постои опасност од големи поплави низ целиот регион. како резултат на влијанието на циклонот од Средоземјето.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.