ВО ТЕКОТ НА НОВАТА РАБОТНА СЕДМИЦА ОЧЕКУВАЈТЕ НОВО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе има чести врнежи и грмежи, а кон крајот на работната седмица следува осетен пад на температурите
Почитувани, во текот на новата работна седмица во Македонија особено во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.
И во делови од Скопската котлина во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме.
Апелираме, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Што се однесува до температурите, тие за разлика од изминатите денови, секојдневно ќе бележат тенденција на постепено опаѓање, а позначително ќе опаднат кон крајот на работната седмица и тие ќе бидат потпросечни за месец јули и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, додека наутро тие ќе се спуштаат во интевалот помеѓу 10 и 19 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]