ВО СРЕДА И ВО ЧЕТВРТОК ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО СО ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА ШЕСТ ДО ОСУМ СТЕПЕНИ: Ќе има и појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Под влијание на значително посвежа воздушна маса од север во среда и во четврток во Македонија очекуваме значително посвежо време со пониски температури во споредба со сегашните за шест до осум степени. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец.
Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец. И во делови од Скопската котлина во среда и во четврток ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи, а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат потпросечни за почетокот на јули и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени. Во Скопје максималната температура во среда и во четврток ќе се искачи до околу 30 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Вторник 19 Мај 2026 во Македонија ни донесе тмурно, облачно и посвежо време на повеќето месата со температури кои се под просекот за месец Мај. Во западните и во југозападните предели уште од утрово имаше локални врнежи од дожд. Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна во Охрид и тоа 4 литри на [...]


by