ВО СЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ НА СЕВЕР И НА ИСТОК ОД МАКЕДОНИЈА МОЖНОСТ ЗА ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР! ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ..
Во следните часови во Македонија се очекува локално дестабилизирање на Атмосферата.
Во северните и во источните предели ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Во овие предели не се исклучува можноста и за ретка и краткотрајна појава на суградица или град.
Температурите остануваат ПРОЛЕТНО високи и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.
Услови за нестабилност во следните часови ќе има и во делови од Скопската котлина, и истата ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.
НАПОМЕНА: Наглото и ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето доаѓа во понеделник навечер и во текот на ноќта кон вторник. Нова и детална анализа околу ова следува во следните часови.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]