ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ПОНАТАМУ ЌЕ ОПАЃААТ, А СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПОМАЛА НАДМОРСКА ВИСОЧИНА! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ МЕТЕО ДЕТАЛИ…

објавено на:

23 Ное 2022

од:

сподели:

Продолжува МНОГУ променливото и ПОСТУДЕНО време во Македонија, како што доликува за овој период од годината. Денес и утре сеуште ќе има повремени локални врнежи од дожд а на планините над 1500 м.н.в и тоа особено во западните предели ќе има повремени врнежи од снег.

Потоа во петок ќе има краткотрајно стабилизирање на времето, додека за време на викендот ќе има нови врнежи од дожд, додека на планините над 1200 м.н.в ќе има врнежи од снег. Снежната граница и тоа особено во северните претели можно е да се спушти дури до околу па и под 1000 м.н.в.

Особено во четврток ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро температурите понатаму на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени а за време на викендот максималните температури ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.

Во Скопскиот регион продолжува периодот на МНОГУ променливо време. Во четврток ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за повремен дожд со послаб интензитет. Температурите понатаму ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 11 степени. Наутро пак истите ќе бидат ПОНИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени.

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.