Во првите два дена од 2025 година многу сонце и потопло, по одделни котлни со магла и ниска облачност
За време на новогодишната претстојна ноќ, како и во првите два дена од 2025 година, односно во среда и во четврток (1 и 2 јануари 2025) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и претежно тивко, но и потопло преку ден. Сепак, по одделни котлини, особено оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови, па така во овие котлини преку ден температурата ќе остане пониска.
И во Скопскиот регион во првите два дена од 2025 година (среда и четврток), но и во текот на претстојната новогодишна ноќ ќе имаме ведро, стабилно и сончево време утре и задутре (среда и четврток). Ќе биде претежно тивко. Во ниските предели од котлината ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во утринските часови.
Што се днесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу -2 степени, додека максималната температура ќе достигне до околу 8 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by