Во овие моменти во Македонија имаме попријатно време, но и повеќе облачност!

Во овие моменти во нашата Република Македонија имаме повеќе облачност, но и покрај ова времето е стабилно и суво  а повремено засилува ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите се за неколку степени пониски за разлика од оние кои ги имавме изминатите денови, па така речиси насекаде тие се под 30 степени. Само во Демир Капија  и во Гевгелија температурата изнесува 31 степен.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите во нашата Македонија во овие моменти. Од градовите најниска температура имаме во Берово и тоа 21 степен, а од планините таа е најниска во Маврово и тоа 19 степени.







Занимливости