Во Македонија температури типични за април и за мај: Денес (четврток 6 март) измерена највисока температура од речиси 25 степени!
Денешниот ден (четврток 6 март) во нашата Република Македонија помина во знакот на преубаво сончево време без облаци и целосно ведро небо, а температурите беа типични за пролетните месеци (април и мај), па така најтопло денес беше на Скопје Петровец со измерени дури речиси 25 степени. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.

На Метеоролошката карта можете да ги погледнете денешните максимални температури измерени низ Македонија. Може да видете дека речиси насекаде се мереа температури до околу и близу, па и над 20 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Камчатка, Русија – Ситуацијата со снегот во рускиот регион Камчатка оваа зима е оценета како екстремна, откако рекордни снежни врнежи целосно ги затрупаа градовите и населбите. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледаат згради закопани до прозорците, улици претворени во снежни тунели и автомобили кои едвај се забележуваат под дебели слоеви снег. Камчатка буквално [...]
Занимливости / Прогноза / Свет


by