Во Македонија наврнаа дури 127 литри дожд на метар квадратен, во Маврово дури 70 сантиметри нов снег!

До изутринава во 7 часот најмногу дожд наврна во Демир Капија, дури 127 литри на метар квадратен. Значителни врнежи имаше во најголем дел од Македонија. Во исто време до изутринава во Маврово е регистрирана нова снежна покривка од дури 70 сантиметри.

На фотографијата можете да видите како изгледа Маврово денес 1.12.2024.

Како што и претходно најавив, врнежите продолжуваат до крајот на денов во Македонија, а со тоа  и снежната покривка ќе се зголемува на повисоките места, планините и Скијачките центри. Снежната граница, особено во западните предели ќе се спушти до околу, а може и под 1000 метри надморска височина.







Занимливости