ВО МАКЕДОНИЈА СЛЕДУВА МЕТЕОРОЛОШКИОТ ФЕНОМЕН “ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА”! ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ ОВОЈ ФЕНОМЕН…
Во следниот период, вклучувајќи ја и новогодишната ноќ, како и првата седмица од новата 2023 година ќе продолжи стабилното, суво и сончево време и тоа особено на повисоките места и на планините. Повремено ќе има појава на умерена облачност а ќе биде и тивко.
По одделни котлини и речни долини, вклучувајќи ја и Скопската котлина, како и котлините кој се наоѓаат Долж Повардарието ќе има појава на ГУСТА МАГЛА и на ниска облачност, со што и воздухот ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ЗАГАДЕН.
Температурите наутро ќе се спуштаат до околу, па и под нулата, додека максималните дневни ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ и тоа особено за време на викендот и следната седмица, и особено на повисоките и планинските места. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до дури 17 степени.
НАПОМЕНА: Во местата со магла и ниска облачност, вклучувајќи ја и Скопската котлина температурата ќе биде ПОНИСКА, а воздухот во Скопје и понатаму ќе биде МНОГУ ЗАГАДЕН. Максималната температура во Скопје во следниот период ќе биде релативно пониска за разлика од повисоките и планинските места и ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени. Наутро пак истата ќе се спушта за неколку степени под нулата.
ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Во следниот период во Македонија ќе го имаме феноменот “Температурна Инверзија”, овој феномен придонесува во повисоките и планинските места да биде потопло, а во низините и котлините постудено.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]