ВНИМАВАЈТЕ: ЗА ВИКЕНДОТ ДОАЃААТ СИЛНИ ГРОМОВИ И ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ!
Топлотниот бран кој ја зафати Македонија, како и целиот регион и донесе за прв пат вистински летни температури оваа сезона, ја загрева многу Атмосферата и истата ја исполнува со МНОГУ ЕНЕРГИЈА.
Токму поради ова, но и поради влијанието на ГОЛЕМАТА влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад, понатаму, а особено за време на викендот кај нас на многу места ќе донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за релативно кратко време, силни громови и грмежи, како и појава на град кој локално би можел да биде дури и од поголема величина и би можел да направи штети, особено врз земјоделието.
И во Скопскиот регион за време на викендот ќе има појава на пороен дожд, силни грмежи, како и услови за појава на град, а можни се и локални поплавувања. Инаку низ Македонија повторно ова невреме би можело да донесе ПОПЛАВИ, како и излевање на некои помали реки.
Температурите особено од недела ќе бидат во ПАД за неколку степени, и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на силни и чести електрични празнења за време на викендот, граѓаните да не претстојуваат на отворен простор, како и под осамени дрвја и да бидат МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]