ВНИМАВАЈТЕ: ВО СЛЕДНИТЕ 10-ТИНА ДЕНОВИ ОЧЕКУВАМЕ ПОСИЛНИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ ОД ОНИЕ ВО ГОСТИВАРСКО!

Нашата територија се наоѓа под влијание на ГОЛЕМА ВЛАЖНА и нестабилна воздушна маса од Медитеранот.

И во следните 10-тина денови од пладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во Атмосферата, процесите локално ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

НАПОМЕНУВАМЕ дека во следните 10-тина денови локално низ Македонија ќе наврне ГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО на воден талог (над 60 – 70 л/м2). Препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ и тоа поради опасност од локални ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ.

И во Скопје и околината ќе има честа појава на нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Температурите ќе бидат без поголеми промени, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат повремено и над малку над 26 степени.

За првиот поизразен топлотен Африкански бран, како и за постабилно време без врнежи и понатаму ќе се изначекаме.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

 







Занимливости