ВЛАЖЕН ВОЗДУШЕН БРАН ОД ЗАПАД ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА – ОЧЕКУВАЈТЕ НОВИ ВРНЕЖИ, А СЛЕДНАТА СЕДМИЦА И НЕВРЕМЕ!

Под влијание на влажен воздушен  бран од запад, во текот на претстојната ноќ, како и утре на повеќе места низ Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, во западните предели и со умерен интензитет. Утре, како и во почетокот од следната седмица ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Под влијание на изразен циклон од запад, од понеделник до среда во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, особено во вторник процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Во Скопје и околината исто така продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд. Од понеделник до среда во делови од котлината во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради јужното воздушно струење, во следните денови температурите ќе бидат ПОВИСОКИ и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, а од средината на следната седмица во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 29 степени. Посвежо ќе биде само утре со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Во Скопје температурата деновиве ќе се искачува во интервалот помеѓу 17 и 23 степени.

Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!