ВЛАЖЕН И ЛАДЕН БРАН ОД СЕВЕР СЕ СПУШТА КОН МАКЕДОНИЈА: Утре (17 февруари понеделник) врнежи од дожд и од снег!
Под влијание на ладен и влажен воздушен бран од север, утре (17 февруари понеделник) времето во Македонија ќе биде облачно со повремени послаби врнежи од дожд во градовите, додека на повисоките населени места, планините и секако на Скијачките центри врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка ќе се зголеми и ќе се прошири. Сето ова ќе биде проследено со северен ветер, кој особено во Повардарието ќе засилува на интензитет.
Повремено провејување на снег ќе има и во делови од градовите, особено во северозападните и во северните предели од нашата Република Македонија.
Во Скопје и околината со овој ладен и влажен бран од север ќе има повремен дожд, а на околните планини, подоцна и во повисоките предели од котлината ќе има повремен снег. Повремено ќе засилува ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие утре ќе бидат значително пониски и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени, додека во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by