ВИСТИНСКОТО ЛЕТО ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Следната седмица температури до 36 степени!
По долго очекување, конечно лубителите на летните температури си доаѓаат на своето. Од недела (1 јуни), како и во текот на целата наредна седмица, нашата Република Македонија ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Во ваква ситуација температурите ќе бележат голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32/33 степени, додека од средината на следната седмица во Повардарието температурите ќе се искачат и до околу 36 степени.

И во Скопје и околината од недела (1 јуни) температурата ќе бележи голем пораст, па така во текот на следната седмица таа ќе надминува 30 степени.

Инаку за време на овој период времето ќе биде многу постабилно и претежно суво со многу повеќе сонце. Сепак, повремено и локално можна е сосема мала дестабилизација на атмосферата со услови за сосема краткотраен локален дожд.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by