ВИСТИНСКО ЗИМСКО НЕВРЕМЕ ЗА ВИКЕНДОТ СЕ ОЧЕКУВА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, СРБИЈА И ВО ЦРНА ГОРА – ЌЕ НАВРНЕ И ДО ЕДЕН МЕТАР СНЕГ! ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ..

Вистинското пролетно време кое владее низ целиот Балкан ќе го прекине вистинскиот зимски циклон кој за време на викендот ќе го зафати регионот (Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора). Циклонот ќе биде со центар над Џеновскиот Залив.

На планинските места во овие Балкански држави локално се очекува и до еден метар снег (100 цм), особено во Црна Гора.

Снг ќе има и на пониските места (градовите), понекаде и над 30 цм снег. 

Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат а сето ова ќе биде проследено и со силен студен северен и североисточен ветер (на Јадранското море СИЛНА БУРА).

На нашите граѓани кои планираат за време на викендот, како и на самиот почеток од следната седмица да патуваат во овие Балкански држави им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Не се исклучува можноста и за локално НЕВРЕМЕ и ПОПЛАВУВАЊА.

Во Македонија овој зимски и МНОГУ СТУДЕН бран нема да пристигне, што значи дека нема да ја зафати нашата држава, температурите на самиот почеток на следната седмица ќе опаднат и кај нас, но се работи за не многу големо опаѓање на истите. Се очекува дожд во градовите а можност за снег според последните анализи ќе има само на високите планини.

Понатаму во деновите пред нас следуваат нови и обновени анализи околу овој циклон кој ќе го зафати Балканот.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!