ВИСТИНСКО ЕСЕНСКО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Измерена температура од 10 степени, а наврнаа 16 литри дожд на м/2!
Денешното утро во Македонија е навистина есенско, иако календарски сме сеуште лето, а исто така на многу места низ државава е и врнежливо. До 8 часот утринава УХМР ги измери и минималните температури низ државава, па така најсвежо ова утро е во Берово со измерени само 10 степени, додека најтопло беше во Гевгелија со 16 степени.
Во изминатите 24 часа пак, до 8 часот утринава најмногу дожд наврна во Крушево, и тоа 16 литри на м/2. На табелата можете да ги погледнете и останатите температури низ државава измерени ова утро до 8 часот, како и наврнатиот воден талог во изминатите 24 часа, исто така до 8 часот утринава.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По денешното особено студено утро, кога минималните температури низ Македонија и тоа на повеќе места се спуштија под нулата, а најстудено беше во Берово со -6 степени, преку денот беше релативно свежо на повеќе места низ Македонија со измерена максимална температура од околу, па и под 15 степени. Најтопло денес до 16 часот беше во Скопје Петровец со измерена [...]