ВИСТИНСКАТА ЗИМА НИ Е НА ВРАТА: Снежниот бран во Македонија доаѓа во сабота!

Голема промена на времето во Македонија ќе имаме во сабота, тогаш поради спуштање на поларниот вртлог до југ, над јужен Јадран ќе дојде до формирање на секундарен силен циклон кој во Македонија ќе условува најпрвин обилни врнежи од дожд (локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог). 

Најпрвин на повисоките места и на планините, а попладнето и вечерта и насекаде во Македонија врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и тие ќе бидат проследени со засилен до силен ветер од северен правец, температурите значително ќе се намалат.

На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка дури до 30 сантиметри, понекаде и повеќе и ќе биде идеално за скијање. На пониските места (градовите) очекуваме снежна покривка од 5 до 10 сантиметри, а во западните предели понекаде таа ќе биде и поголема.

И во Скопскиот регион очекуваме врнежите од дожд во сабота да преминат во врнежи од снег, но во котлината очекуваме помала снежна покривка, а истата поголема ќе биде на околните планини.

Потоа во недела ќе имаме стабилно, суво и многу студено време со засилен, повремено силен ветер од северен правец. Повремено и локално ветерот ќе достигнува брзина од над 75 км/час а максималната температура во недела во Македонија ќе се искачува во интервалот само од -4 до 4 степени. Особено студено утро ќе имаме во понеделник кога минималните температури понекаде ќе се спуштат дури и под -10 степени.

Според моменталните анализи со кој ние располагаме, студен и со температури под просекот ќе биде месецот декември, често ќе имаме посети од поларниот вртлог кој ќе условува чести снежни врнежи кај нас и во регионот.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости