ВИСТИНСКАТА ПРОЛЕТ КОЈА Е ВО НАЈАВА СЕПАК КРАТКО ЌЕ ТРАЕ! ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА И ПРВИЧНАТА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ТОА КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВЕЛИГДЕН!

објавено на:

09 Апр 2023

од:

сподели:

До крајот на денешниот ден во поголемиот дел од Македонија ќе има нови врнежи од дожд, додека на планините и тоа особено во западните и во северозападните предели со надморска височина од над 1000 м.н.в ќе има врнежи од СНЕГ.

Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2 воден талог). На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Во Скопје исто така ќе има повремени врнежи од дожд.

Во следниот период ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и во источните предели повремено ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец. Повремен локален дожд и снег на планините ќе има и утре, додека од вторник следува КРАТКОТРАЈНА стабилизација на времето и ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ, со ГОЛЕМ пораст на температурите и истите речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени, а во централнит и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат и над 20 степени.

Барем одсега гледано, за најголемиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, повторно не очекува врнежливо време и со пониски температури на воздухот. Сепак промени во нумеричките модели се сеуште можни. Детална и официјална анализа за тоа какво време ќе имаме за Велигден следува во текот на новата седмица која е пред нас.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!







Занимливости

  • 19 Јул 2024

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: - Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) - Општина Студеничани место викано [...]