Вистинска зима: Среда 21 Јануари во Македонија ни носи снег и снежна покривка
Вечерва од југозапад во Македонија облачноста се зголеми а тоа е токму поради доаѓањето на циклонската активност во Медитеранот и влажниот воздушен бран кој ќе биде поврзан со ладен воздух кој се спушта од север и од североисток од Европскиот Континент. Вечерва во најголем дел од Македонија имаме минусни температури и појава на мраз а особено во западните предели повремено засилува ветер од источен правец.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 20 часот во Македонија.
Во втората половина од ноќва од југозапад ќе се прошируваат врнежи кои ќе бидат најмногу од снег и пообилни ќе бидат во западните и во југозападните предели од Македонија.
Денот среда 21 Јануари ни носи снег во поголем дел од Македонија и снежна покривка и во градовите особено во западна и во југозападна Македонија каде снежната покривка во градовите ќе биде со висина од 5 до 10 сантиметри. На повисоките и планинските места таа ќе биде поголема и позначително ќе се зголеми.
Послаби врнежи од дожд и снег или влажен снег ќе има и во Скопје и околината а на околните повисоки места и на планините ќе врне само снег. Ќе дува источен и југоисточен ветер кој особено во Повардарието ќе засилува на интензитет.
На ден среда 21 Јануари наутро температурата ќе се спушта во интервалот од -7 до 1 степен а преку денот таа ќе се искачува во интервалот од -2 до 5 степени. Во Скопје и околината температурата во среда на 21 Јануари наутро ќе се спушти до околу -4 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 2 степени.
Поради очекуваните пообилни врнежи од снег во Македонија на ден 21 Јануари среда апелирам возачите да бидат крајно внимателни особено доколку поминуваат низ планинските превои каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by