Вистинска пролет: Температурите кај нас ќе одат до 23 степени, природата се буди!
До самиот крај од оваа седмица, односно до недела (9 март) во Македонија времето останува стабилно, суво и сончево, за време на викендот со појава на умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Поради понатамошен продор на топол воздух од југ, температурите ќе бележат тенденција на уште поголем пораст преку ден, а во пораст ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот. И во Скопје и околината очекуваме слично време како и во останатите места во Македонија, односно стабилно, суво, сончево и натпросечно топло за овој период од годината.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачува до околу 22 степени.
Да напоменам дека овие температури кои ги очекуваме до крајот на оваа седмица, се значително натпросечни, и тоа за 8 до 10 степени повисоки од нормалните за овој период од годината. Ова ќе услови понатамошно будење на природата, како и расцутување на овошките.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]