ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ, НО И МАГЛА И ПОСТУДЕНО ПО КОТЛИНИТЕ! ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ЌЕ ЈА ПОМИНЕМЕ ПРВАТА СЕДМИЦА ОД НОВАТА 2023 ГОДИНА…

Во првата седмица од оваа нова 2023 година продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умеренаоблачност. Ќе биде претежно тивко а само во среда ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Особено топло ќе биде на повисоките места и на планините, додека по котлините ќе има појава на густа магла и ниска облачност, особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови.

Температурите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, додека во местата со магла и ниска облачност истите ќе бидат пониски.

Во Скопје и понатаму ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 9 степени.

Снежна идила и бел Божиќ за жал нема да имаме и оваа година, ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот.