Викендов следува ладен бран проследен со слаб дожд и снег во Македонија
Ладен бран кој ќе продре од истокот и од североистокот на Европскиот Континент овој викенд ќе ни донесе заладување, значителен пад на температурите како и зголемување на облачноста која ќе услови да имаме локални слаби врнежи и тоа од дожд и од снег во пониските предели (градовите) и само од снег во повисоките населени места и на планините. Некоја позначителна снежна покривка викендов нема да има во Македонија поради тоа што како што кажав се работи за слаби врнежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. И во Скопје и околината викендов времето ќе биде значително облачно и значително поладно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во делови од Скопскиот регион ќе има услови и за слабо проврнување на дожд и на снег.
Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 во Сабота на 17 Јануари и од -2 до 6 во недела на 18 Јануари. Во недела пак на 18 Јануари наутро температурите во поголем дел од Македонија ќе бидат за неколку степени под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by