Викендов силен јужен ветер ни носи затоплување, во западните предели дожд
Пов влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, односно некаде над Италија за време на викендов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со засилен до повремено силен ветер од јужен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час и истиот ќе предизвика температурите да бидат во пораст, што значи дека ни следува затоплување на времето.
Во западните предели ќе има повремени локални врнежи од дожд а само на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има повремени врнежи од снег.
Во Скопје и околината викендов ќе има затоплување и пораст на температурата а ќе дува и повремено засилен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе има услови и за проврнување на слаб дожд.
Што се однесува до температурите, тие викендов ќе бидат во позначителен пораст особено од недела и тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Во значителен пораст ќе бидат и ноќните и утринските температури и тие ќе бидат над нулата и во утринските часови.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by