ВИКЕНДОВ СЕ ОЧЕКУВААТ НОВИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ – СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО ОВОЈ МЕСЕЦ ПО СЕ ИЗГЛЕДА НЕМА!
И покрај локалната нестабилност во попладневните часови, до петок не се очекуваат некој поголеми временски непогоди во Македонија.
Поголема нестабилност територијата на Македонија ќе ја зафати во петок, како и за време на викендот. Тогаш локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со значително количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
За викендот повторно постои опасност од нови локални поројни поплави, па затоа АПЕЛИРАМЕ во случај на појава на НЕВРЕМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Температурите и понатаму нема да се менуваат во одност на сегашните, односно тие ќе бидат околу просекот за овој период од годината.
За поголем топлотен Африкански бран и понатаму ќе се изначекаме, и истиот го нема на видик овој месец, исто бтака на повидок овој месец нема и стабилизација на времето.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]

by