Викендов ни следува максимумот на топлотниот бран од Африка!
Под влијание на многу топла воздушна маса која е со потекло од Африка, за време на викденов (сабота и недела 7 и 8 јуни) во нашата Република Македонија ни следува максимумот на овој топлотен бран. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 37 степени.
Викендов ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево. Сепак, во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.
УВ ИНДЕКСОТ за време на викендов ќе биде многу висок и ќе изнесува коефициент 8.
Опаѓање на температурите на воздухот, како и слабеење на овој топол бран ќе имаме во текот на следната седмица.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by