Викендов многу студено наутро, температури до околу -10 степени – Преку ден сончево, а во дел од котлините со магла и ниска облачност!
По брзата и голема промена на времето која ја најавив за претстојната ноќ, кон утрешниот ден (сабота), викендов ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко, а наутро многу студено со минимални температури кои насекаде ќе се спуштаат под нулата, а во делови од Македонија, особено во оние повисоки населени места, планините и на Скијачките центри температурите ќе се спуштат до околу -10 степени.
По одделни котлини повторно ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во утринските часови.
И во Скопје и околината викендов ќе има многу повеќе сонце, а ќе биде и претежно тивко. Во ниските делови од котлината ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во утринските часови.
Максималните дневни температури на воздухот во Македонија овој викенд, особено од недела ќе бидат во постепен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 10 степени, додека во југоисточните предели тие би можеле да се искачат и за некој степен над 10 степен. Во Скопје и околината овој викенд наутро температурата ќе се спушта до околу -3 степени, максималната ќе се движи во интервалот помеѓу 6 и 7 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Камчатка, Русија – Ситуацијата со снегот во рускиот регион Камчатка оваа зима е оценета како екстремна, откако рекордни снежни врнежи целосно ги затрупаа градовите и населбите. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледаат згради закопани до прозорците, улици претворени во снежни тунели и автомобили кои едвај се забележуваат под дебели слоеви снег. Камчатка буквално [...]
Занимливости / Прогноза / Свет


by