Викендов ладно време со северен ветер и врнежи од дожд и снег во Македонија
Под влијание на релативно влажна и ладна воздушна маса од север за време на викендов (сабота и недела 28/29 март 2026) во Македонија времето ќе биде променливо облачно релативно ладно и со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет а повремено ќе дува и засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен долж Повардарието. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
На планините пак со надморска височина од над 1000/1100 метри врнежите ќе бидат од снег.
Во Скопје и околината викендов времето ќе биде променливо и ветровито со повремено засилен ветер од северен правец и со повремени локални послаби врнежи од дожд а на околните повисоки планини ќе врне снег.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите југоисточни предели од Македонија. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 3 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 14 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by