Викендов ќе биде многу посвежо, особено наутро, во западните предели ќе врне!
Под влијание на значително посвежа воздушна маса од север, викендов (сабота и недела 23/24 август) ќе имаме значително пониски температури на воздухот, особено наутро кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени, во Скопје овој викенд наутро температурата ќе се спушта до околу 14 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 30 степени.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а утре (сабота 23 август) во западните предели ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено долж Повардарието ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје викендов времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, особено утре (сабота 23 август).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by