ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Следува многу постабилна Атмосфера, особено утре, но и потопло време преку ден со пораст на температурите
За време на овој викенд во Македонија ќе имаме значително постабилна Атмосфера, односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Сепак во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Наутро ќе биде значително посвежо со минимални температури кој на многу места ќе се спуштаат и под 10 степени, понекаде дури и под 5 степени.
Максималните дневни температури пак ќе бидат во пораст, и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачува до околу 24-25 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]