ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Прекрасно сончево, летно-топло Априлско време – Погледнете ги очекуваните температури
Викендов, и тоа под влијание на топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка, кај нас и понатаму ќе се задржи стабилното, суво, сончево и топло време за овој период од годината. Денес ќе има и појава на мала до умерена локална облачност, а исто така до крајот на денешниот ден, особено Долж Повардарието ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Во Скопје и околината, исто така ќе имаме сончево и топло време. Денес со појава на мала до умерена локална облачност, а исто така до крајот на денешниот ден ќе засилува ветерот од северен правец. Што се однесува до температурата, таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 29 степени.
Уживајте викендов во прекрасното време!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]