ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Длабок циклон со центар над Џенова ни носи силен јужен ветер и дожд!
За време на овој викенд и тоа под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џенова, кај нас следува голема промена на времето.
Најпрвин ќе дува засилен, до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Во недела, како и во почетокот од следната седмица ќе има врнежи од дожд и истите локално ќе бидат обилни (локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог).
Во Скопје и околината исто така ќе дува засилен ветер од јужен правец, а во недела, како и во почетокот на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд.
НАПОМЕНА: Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој ќе врне ќе биде валкан.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервлот од 12 до 17 степени.
Поради големата промена на времето која не очекува, Биометеоролошките услови ќе бидат многу неповолни, па така кај метеопатите ќе се јават значителни здравствени проблеми.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]