(ВИДЕО) Славчо Попоски за Клан Македонија: Македонија под влијание на топол бран од Африка кој ќе предизвика и облак од Сахарска прашина и песок
Во денешното мое гостување во утринската програма “Првиот час” која се емитува на националната телевизија Клан Македонија изјавив дека пред нас е летно топол викенд со невообичаено високи температури на воздухот. Но покрај летната топлина, ќе го имаме и ветерот од јужен и од југозападен правец.
Токму поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија, но и над целиот Балкански Полуостров, очекуваме повторно облак од прашина и од песок од Сахара.
Целиот мој разговор можете да го погледнете на следниот линк
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина и песок во воздухот. Сепак, денес беше и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете [...]